Романтиката во Исламот со објаснувања

Романтиката во Исламот со објаснувања

Романтиката во Исламот со објаснувања
الرومانسية الإسلامية باللغة المقدونية

 


Абд Ер-Рахман бин Абд Ел-Керим Еш-Шејхa
د. عبد الرحمن بن عبد الكريم الشيحة

 

 

Преведе:
EUROPEAN ISLAMIC RESEARCH CENTER (EIRC)
المركز الأوروبي للدراسات الإسلامية

 
www.islamland.com

 

Во името на Аллах, Милостивиот, Семилосниот

Целото заблагодарување му припаѓа на Алах, Салаватот и Селамот нека бидат над Мухамед, неговата фамилија, и над неговите другари.
Штом ќе зборуваме за исламската романтиката, задожително е во центарот на ова да биде Пророкот Мухамед (Сал-лАлаху алејхи уе сел-лем), од фактот дека тој е Алахов пророк за целото човештво за да им го научи нив Алаховиот Шеријат за да тие да се накитат со неговиот морал, и дека тој е примерот на муслиманите којшто треба да го следат, и Сунет според кој треба да делуваат, и сето ова според Алаховата наредба во која вели Возвишениот Алах: "Навистина сте имале најдобар пример во Алаховиот Пророк, за оние кои што имаат надеж во Алах и во Последниот Ден и којшто го споменува Алах многу". (ел Ахзаб 21)
Тој е оној кој ни пренел од Алах и заради ова нема нешто што се надоврзува со човечкиот живот, мало или големо, посебно или општо, самошто тоа станало познато и це распространило меѓу нив и е пренесено од генерација во генерација, и дека неговите изреки и дела се законодавни одредби преку кои муслиманот ја учи верата, којашто е патоказ кон Алаховата љубов, кон Неговато задоволство и Неговиот Рај.
Вели Возвишениот Алах (Субханеху уе теала): "Вели: "Ако го сакате Алах, следете ме мене, ќе ве сака Алах и ќе ви ги прости гревовите".
Темелот на Исламот е љубовта која те води до почитување кон Оној што го сакаш и да делуваш според Неговите наредби и да отстапуваш од делата што ти ги забранил, и да се обидуваш да се приближиш кон Него колку што е можно повеќе правејќи ги делата коишто Тој ги сака. Од најголемите и најдобрите дела е љубовта кон Алах, преку која се упатува карактерот на муслиманот и преку која се ослободува од себичноста, а на друга страна се воздигнува и добива слава од тоа. Муслиманот дава труд, љубов, милост кон Алаховите суштества не очекувајќи награда од суштествата, и се оддалечува од себичната љубов којашто е изградена врз лична корист. После ова доаѓа љубовта кон Алаховиот Пророк, којашто е искрена љубов на којашто и се дава предност над самите себе, над богатсвото или над детето. Ова е така затоа што Пророкот е причината за нашето упатство кон вистинската Алахова вера којашто Алах ја направила спас од Оганот за оној којшто ќе ја следи, и ја направил влез во Рајот и највисоко воздигнување за тој човек којшто ќе биде благороден и прост пред Алах.
Вели Алах теала: "Ако вашите татковци, вашите синови, вашите браќа, вашите сопруги, вашите блиски роднини и вашето богатство што сте ја заработиле и вашата трговија за која се плашите дека ќе пропадне, и вашите живеалишта со кои сте задоволни, ви се повеќе сакани од Алах, од Неговиот Пророк и од жртвувањето во Неговиот пат, тогаш чекајте (казна), зашто Алах не го упатува народот грешник (фасик)". (ет Теубе 24)
Кој мисли дека Исламот е вера на екстремизмот и на грубноста греши, во спротивно Исламот е целосна вера, што значи дека не оставил ниедно мало или големо, материјално или духовно во животот на муслиманот, освен го упатил во праведен правец и го ставил на потребното место. Значи Исламот не е само вера на верувања, на закони и морали, туку Исламот е вера во којашто има романтика во исламско значење, којшто се рефлектира во љубовта, во милоста, добрината, во нежните чувства и доблеста, истотака и во нежноста кон тие што го опкружуваат човекот во оваа вселена, значи со сите суштества, и ова не ограничено само меѓу мажот и жената и во човечките односи. Не е исламски романтично да бидеш љубезен кон оној којшто го сакаш, а да бидеш груб и нељубезен кон оној што не го сакаш.
Заради ова ние ќе елаборираме некои особини и морални вредности на романтичниот муслиман, додека да го појасниме значењето на љубовта и романтичноста во Исламот кон се што го опкружува муслиманот.


Абд Ер-Рахман бин Абд Ел-Керим Еш-Шејхa

 
www.islamland.com

Романтичниот муслиман

•    Романтичниот муслиман е тој којшто луѓето го сметаат за сигурен и веродостоен, во кого имаат потполна доверба што се однесува до нив самите себе, за нивното богатство и за нивната чест: Вели Пророкот (Божјата милост нека е над него): "А да ви кажам за верникот од кој луѓето се сигурни за своето богатство, и за себе, и за муслиманот, тој е оној од кој чијашто рака и јазик се поштедени луѓето". (Муснед Абдулах бин Мубарек)
•    Романтичниот муслиман е оној кој им пожелува добро на луѓето и кој се труди да им чини добро на нив, без да посакува нивна награда. Вели Пророкот: "Чувај се од забраните и ќе бидеш од побожните, задоволи се со тоа што го имаш и ќе бидеш од најбогатите, биди добар кон соседот и ќе бидеш верник, и пожелувај има на луѓето тоа што го пожелуваш за себе". (Пренесува Ахмед, Тирмидхи, Албани)
•    Романтичниот муслиман е праведен со себеси, со општесвото, па дури и со неговите непријатели. Кога Пророкот ќе ја испраќаше муслиманската војска до мушриците (политеистите) коишто го малтретираа и го избркаа од неговиот дом и кои помагаа за да се избрка, кои ги убија неговите другари, и кои ги тортурираа оние кои што ја следеа неговата Вера. Рекол Пророкот (Божјата милост нека е над него): "Не убивајте деца, ниту жена или старец, не вадете очи, и не сечете дрва, освен дрвата коишто ве спречуваат за да се борите против нив, или коишто се препрека меѓу вас и мушриците, и не масакрирајте човек нити животно, и не вршете предавство и не претерувајте". (ел Бејхеки)
•    Романтичниот муслиман е тој којшто ја чува средината и се што го опкружува. Тој не е задоволен да се тортурираат животните. Кога Пророкот поминал пред едно магаре што имало лузна во лицето, рекол: "А зарем не ви стигнало (вест) дека јас сум го проколнал оној кој ќе го изгори или кој ќе остави лузна во лицето на животното?" (Ебу Давуд, Албани вели дека е веродостоен). Тој се однесува кон нив со милост, вели Аиша (РадијАлаху анха): "Пророкот ќе полнеше вода во сад на една мачка, и таа пиеше во тоа". (Таберани)
•    Романтичниот муслиман се грижи за птиците и не ги плаши нив, ниту ги гаѓа без да има некоја корист од тоа. Вели ибн Месуд: "Бевме на патување со Пророкот, и тој се оддалечи од нас за некоја негова потреба, (во меѓувреме) видовме една птица со две мали птички, и ние ги зедовме малите птички. Птицата почна да копа во земја со нозете, (тогаш) дојде Пророкот и рече: "Кој ги донесе овде нејзините малечки? Вратете и ги". И го виде живеалиштето на мравките коешто ја запаливме, и рече: "Кој ги запали овие?" Рековме: "Ние". Тој рече: "Не му припаѓа да казни со оган никој друг освен Богот на огнот". (Ебу Давуд, Албани вели дека е Сахих)
•    Романтичниот муслиман се грижи за јавните места и за местата во кио тие се рекреираат, и не прави во тие места нешто што ќе ги спречи луѓето да го користат тоа место, како што е фрлањето отпадоци и слично, вели Пророкот: "И плашете се од две проклетства: оној кој врши нужда во патот на луѓето или во некоја сенка". (Ебу Давуд, Албани вели дека е Сахих)
•    Романтичниот муслиман ги отстранува пречките на патот шт им сметаат на луѓето, вели Пророкот: "Отстранувањето на пречките од патот е садака". (Ебу Давуд)
•    Романтичнио муслиман се грижи за средината и за луѓето, вели Пророкот: "И не сечи дрво коешто има овошја, и не убивај животно без потреба, и чувај се да не му сториш лошо на верникот". (Ебу Давуд)
•    Романтичниот муслиман се грижи за природата, вели Пророкот: "Ако дојде Часот (на Судниот Ден) и некој од вас во неговата рака има семе (на дрво урма), и може да го засади, нека го засади". (Бухари)
•    Романтичниот муслиман се грижи за водите и не загадува нив, се пренесува од Џабир (РадијАлаху анху) дека рекол: "Ни забранил Пророкот на Алах да мочаме во вода што не се движи". И не поттикнал да ја осигураме и да ја чуваме за секој кој има потреба. Рекол тој: "Муслиманите се ортаци во три нешта: во билките, водата и во оганот". (Ебу Давуд) Муслиманот се грижи за водата за да од тоа има корист општеството, животните, па дури и за растенијата, и се грижи водата да не се троши залудно. Пророкот му вели на Са'д кога го видел како зема абдест: "Што е овој трошок?", Тој (Са'д) вели: "А зарем и во абдестот има трошок?!" Тој рекол: "Да, дури и ако си во река што тече". (Ибн Маџех)

Штом сме наредени да го следиме Пророкот Мухамед, мирот нека е над него, човекот којшто е совршен човек кој промовира учтивост кон сите суштества што не опкружуваат. Ова наше следење на овој Пророк е во исто време вера на муслиманот кој верува и кој се обидува да го практикува во неговиот живот, барајќи со ова Божје задоволство. Вели Возвишениот Алах: "Вели: "Ако го сакате Алах, тогаш следете ме мене, Алах ќе ве сака и ќе ви ги прости гревовите, Тој навистина е што прости и што е Милостив".

 

 

 

 

 

Ова е Исламот

Ова е Исламот за се што Алах создал и кој се практицира преку Алаховите наредби. Исто како што телото се одржува со јадење и пиење, исто и душата заживува со верата со која се воздигнува во светот на дарежливоста и се оддалечува од светот на животните и на страстите и од затемнувањето на чувствата. Во оваа книга ќе се осврнеме на еден аспект од аспектите на романтичноста во животот на Пророкот Мухамед со неговите жени, па и самото негово пророштво беше убаво осветлување за целиот свет, особено за жените на кои им ја подобри и им ја подигна положбата и нареди почит кон нив како жени. Истотака и ја отстрани неправдата кон неа. Беа жените во преисламската доба кои живееја во понижување, ова е објаснето во зборовите на вториот Халифе на муслиманите, Омер ибнул Хаттаб кјо вели: "Се колнам во Алах, во времето на незнаењето (преисламско) не ги сметавме жените за ништо, додека Алах не објави тоа што објави и додека да им одреди тоа што им одреди". (Бухари)
Кога дојде Исламот, имаше јасни одредби за жените, и објаснувања дека добриот сопруг и неговиот добар морал е во неговото добро однесување кон сопругата.
Вели Пророкот: "Најдобар од вас е оној кој е најдобар кон неговите жени". (Хаким)
Живееше жената под сенката на Исламот во добра положба во општеството, положба којашто ја немале ни мажите ни жените во другите општества. Бил Пророкот кој ги сакал жените, вели тој: "Ми е сакано од вашиот свет жените и парфемите, и ми е уживањето на моите очи во намазот". (Бејхеки)
Таа љубов што е опкружена со добрина, милост. Вели Пророкот: "Ве советувам да бидете добри кон жените". (Муслим)
Исламот наредува да не се гази по нејзините права и наредува да се однесува добро кон неа и да не се понижува. Вели Пророкот: "Ги почитува жените само благородниот и ги понижува само понижениот". (Сујути)
Исламот повикува на нежност со неа, вели Пророкот: "Верници со полн иман се тие што се однесуваат подобро и се понежни кон нивните фамилии". (Тирмидхи)
Исламот и дал положба на жената којашто таа ја немала во предисламската доба, и нејзе и се дадени права кои ги немала порано. И дал право во наследство, и во сведочењето и за други нешта за кои дошло аргумент, и ја направил неа брат за сопругот и негов дополнувач. Вели Пророкот: "Навистина жените се браќа на мажите". (Ебу Давуд)
Дури и ја направила таа за најдобро нешто што може да и ја подари некому. Вели тој: "Четири нешта се од среќата: добрата сопруга, широката куќа, добриот сосед и удобното животно (за транспорт)". (ел Мундхири)
Таа е половина од верата на мажот, која е причина за упатување на сопругот во праведен правец. Вели Пророкот: "Кога робот (човекот) се оженува се потполнува половина од неговата вера, и нека се плаши од Алах за другата половина". (Бејхеки)
Пророкот ги сакал жените и наредил да се почитува и наредил луѓето да се однесуваат добро кон неа и да и се посвети внимание на неа, и истотака ја направил неа причина за влез во Рајот. Дојде Џахиме ес Сулеми кај Пророкот и му рече: "О Божји Посланику, сакам да се борам (Џихад) и дојдов да се советувам со тебе", Пророкот му рече: "Дали имаш мајка?" Тој рече: "Да". Пророкот рече: "Грижи се за неа, бидејќи рајот е под нејзините нозе".
Пренесено е во еден Хадис дека еден човек дошол кај Пророкот и го прашал: "О Божји Пророку, кој повеќе ја заслужува мојата добрина?" Тој рече: "Мајка ти", а после кој? Тој рече: "Мајка ти" а после кој? Тој рече: "Мајка ти" а после кој? Тој рече: "Татко ти". (Бухари)
Како што Пророкот ја сакал жената како мајка, ја сакала и како сопруга. Се пренесува дека кога Амр ибн ел Ас го прашал Пророкот кого од луѓето најмногу го сака, тој одговорил: "Аиша", тој рекол: "А од мажите?" Пророкот рекол: "Нејзиниот татко (ебу Бекр)", тој рекол: "а после него кој?" Пророкот рекол: "Омер". И вели Амр: "После ова заќутив од стравта дека ќе ме спомне мене на крајот од сите нив". (Бухари)
Како што Пророкот ја сакал жената како сопруга, ја сакал и како ќерка, вели Аиша (РадијАлаху анха): "Не сум видела некој кој личи повеќе како Пророкот во неговото станување и седнување, и некој со повеќе стравопочит, скромност и некој понежен и потивок од Фатиме ќерката на Пророкот на Алах".
Вели таа: "Кога таа ќе влезеше кај Пророкот на Алах, тој ќе станеше и ќе ја бакнеше и ќе ја седнеше во неговото место, и кога Пророкот ќе влезеше кај неа, таа ќе станеше од нејзиното место, ќе го бакнеше и ќе го седнеше во нејзиното место". (Тирмидхи)
Ова примерно однесување произлегува од Алаховите упатства. Вели Алах: "...и живеејте добро со нив (со сопругите), ако вие мразите нешто кај нив, можеби баш во тоа Алах одредил некоја голема добрина". (ен Нисаа 19)
Вели Ибн Кетхир во неговиот коментар: "И зборете со нив со добри зборови, и подобрете ги вашите дела со нив, и подобрете го вашиот изглед според можноста, како што ти посакуваш од неа, истото стори го за неа, како што рекол Алах: "И тие имаат права колку што и одговорности со добро". Беа Сахабите на Пророкот оние кои се брзаа да ја практикуваат ова методологија и упатство. Вели ибн Абас, монахот на овој Умет: "Јас се разубавувам за мојата жена, како што таа се разубавува за мене, и нејќам да го трошам целото мое право за да таа да ми го даде нејзиното право, бидејќи Алах рекол: "И тие имаат права колку што и одговорности со добро".

 

Советите на таткото муслиман за синот во ноќта на женидбата

Навистина романтиката, доброто однесување, нежноста, меѓусебното трпение, сето ова е методологија на добриот муслиман, методологија во која тој чекори, практикува, делува според тоа и ја проширува таа. Овој имам на Ехли Сунетот и Џематот го советува својот син во ноќта на женидбата, и му го учи меѓусебните права и му вели:
"Сину мој, ти нема да бидеш среќен во твојот живот, освен ако не се украсиш со овие добри особини во твојот однос кон твојата сопруга...научи ги напамет и посветувај им внимание"
Прво и второ: "Навистина жените сакаат да ја изразат љубовта, затоа не биди скржав во изразувањето на љубовта кон неа. Ако ти стануваш скржав, тогаш таа ќе стави ладна препрека меѓу тебе и нејзе и отсуство на љубов".
Трето: Жените не го сакаат остриот и строг маж, и тие го искористуваат слабиот и мек маж, значи ти опреми се со потребната особина во потребната ситуација, бидејќи ова е поблиску до љубовта и придобивање на удобноста.
Четврто: Жените сакаат од мажот, исто што и мажот сака од жената, како што се убавите зборови, добриот изглед, чистотата на алиштата, добриот мирис, значи биди таков во секој случај.
Петто: Жената сака да го придобие својот маж а истовремено да не ја изгуби својата фамилија, значи ти чувај се да не се ставиш себеси на вага...или ти или нејзинато семејство...таа дури и ако те избере тебе над своето семејство, сепак та ќе остане на средина, и ова ќе се рефлектира негативно во секојдневниот живот.
Шесто: Жената е создадено од искривено ребро, и ова е тајната на нејзината убавина и тајната на нејзината атрактивност не е мана, "Покривањето на нешто што има мана е нејзино разубавување". Ти немој да и се нафрлиш на неа велејќи дека таа погрешила, станувајќи на овој начин безмилосен обидувајќи се да го исправиш искривенето ребро, и обидувањето да се исправи значи кршење, а нејзиното кршење е разводот. Но и не дозволувај ако погреши да продолжи искривувањето и понатаму и таа да стане непослушна и остра, биди со неа просечен.
Седмо: Жените се создадени за да ги превртат добрите дела на мажот и да газат по нив. Ако ти секогаш си бил добар со неа, и само еднаш си и сторил нешто лошо, ќе ти рече: "Од тебе никогаш не сум видел добрина", не дозволувај ова да се повтори и ти да се оддалечиш од неа. Ако некоја особина мразиш кај неа, ќе бидеш задоволен со некоја друга особина.
Осмо: Жената поминува низ периоди на телесен и психички умор, заради ова Алах ја поштедил неа од низа обврски, како што е исклучокот на жената од намазот (во менструацијата) или исклучокот на жената од постењето во одредени периоди, додека да и се врати здравјето и чистотата. Биди паметен со неа во овие периоди и олеснувај и нејзе и намали го твоите барања од неа, како што и Алах ја олеснила од обврските.


Советите на мајката муслиманка за нејзината ќерка во ноќта на мажење

Исто како што и мажите меѓусебно зборуваат за исламската романтика, така и жените муслиманки имаат дел за да и тие меѓусебно да зборуваат на оваа тема, како што е хармонијата меѓу мажот и жената, дброто однесување со сопругот. Беше Умм Кајс бинт Ауф бин Алем еш Шејбани кога Амр бин Хиџр, кралот на Кинде се вери со нејзината ќерка и дојде времето за мажење, таа и кажа нејзе совет со кој се основа среќниот брачен живот. И кажа нејзе совети околу нејзините обврски кон сопругот, и и рече: "Ќерко моја, ако советот се оставеше заради воспитувањето, ќе го оставев, но тоа е потсетување за несовесниот и превентива за паметниот, и ако жената немаше потреба од маж, и родителите немаше да имаат потреба, жените се создадени за мажите, и мажите се создадени за жените".
Ќерко моја, ти се оддалечи од атмосферата од којашто излезе, и го остави назад животот за едно гнездо што не го познаваш, со еден придружник што не го познаваш, којшто со неговата власт што ја има над тебе станал надзорник и крал. Ти биди робинка за него и тој ќе ти биде твој роб. Научи десет нешта кои ќе ти служат.

Прво и второ: Стравопочит со задоволство и потчинетост
Трето и четврто: Биди претпазлива за неговото око и нос, нека не види кај тебе недостатоци и ниту да осети од тебе лош мирис.

Петто и шесто: Биди претпазлива за неговиот сон и за неговото хранење, бидејќи гладот е иритирачки, и задоцнувањето на сонот е разочарувачки
Седмо и осмо: Грижата за неговото богатство, грижата за слугите и за неговото семејство.
Грижата за неговото богатство ти донесува благородна положба кај него, а грижата за семејството ти донесува ред и менаџирање.
Деветто и десетто: Немој да се спротивставуваш на неговата наредба, немој да ги откриваш неговите тајни на некој друг. Ако ти се спротивставуваш на неговата наредба, ќе ги изгориш неговите гради, и ако ги објавиш неговите тајни, тогаш нема да бидеш сигурна од неговото предавство. Пази да не изразуваш среќа кога тој е загрижен, ниту немој да изразуваш незадоволство во твоето лице кога тој е среќен.
Од сево ова станува јасно високата положба што ја има жената во сенката на Исламската романтика, и е исто и реплика кон оние што велат дека Исламот е неправеден кон жената. Како може да и чини неправда и да гази над правата, некој кој ја сака и се грижи за неа.
Ова ќе стане појасно о ти скапоцен читателу во оваа книга, кога ќе зборуваме за романтичниот аспект на милостивиот што упатува, Пророкот Мухамед (Божјата милост нека е над него) во релација со неговото семејство. Не му пречеше нему фактот дека тој како пренесувач на верата и лидер на Уметот, и тоа да биде пречка тој да не му даде внимание на неговото семејство. Тој ова внимание ни го скрати во кратки зборови, коишто во себе содржуваат големо значење, во кое вели: "Најдобриот меѓу вас е оној кој е најдобар кон неговото семејство".
Мажот добар онолку колку што е добар кон своето семејство, добрина којашто води кон лубов и милост. Пророкот кој бил најдобриот човек, добрина што го воздигна во најголемите степени на човечкиот перфексионизам во милост, љубов и добро однесување со луѓето воопшто, и посебно со неговото семејство. Кога неговите жени прашаа за Ајетот на "Изборот" (Ајети во Суре Ахзаб 28-29), тие го одбија животот на овој свет и неговите убавини, и останаа задоволни со тоа што тој го избра за себе, а тоа е скромен живот и да се биде задоволен со малку.
Вели Аиша (РадијАлаху анха): "Кога Пророкот беше нареден да им даде избор на жените (меѓу добрините на овој свет и на другиот), тој почна со мене и ми рече: "Јас ќе ти речам нешто, но ти не се брзај додека не се советуваш со твоите родители". Но тој знаеше дека моите родители немаше да ми наредат да се разведам од него, и потоа рече: "О ти Пророку, кажи им на твоите жени, ако го сакате животот на овој свет и неговите украси (убавини), дојдете, ќе ве оставам да се задоволите (малку) и ќе ве пуштам (ќе ве разведам) со добро пуштање. Но ако го сакате Алах и Пророкот и престојот во Ахиретот (другиот свет), (тогаш) знајте дека Алах припремил голема награда за чинителите на добри дела". (ел Ахзаб 28-29) Аиша рече: "За што од ова јас би се советувал со родителите? Јас го сакам Алах, Пророкот и престојот во Ахирет". После Аиша рече: "После со истата понуда на избор им ја понуди и на другите жени". (Муслим)
Ако ова е доказ за нешто, тогаш е доказ за љубовта којашто неговите жени ја имале кон него, кон неговиот морал и добро однесување, и кон таа љубов и нежност во човечките односи. Тие знаеја дека нема да можат да најдат некој подобар од него.
Пророкот имаше девет жени, коишто живееја во неговата градина среќни и мирни. Вели италијанската писателка L. Vecia Valieri во нејзината книга "Во одбрана на Исламот" , книга во која што го брани Пророкот од оние коишто го оптужија дека е развратен и човек на страсти, вели таа: "Мухамед, Божјиот мир нека е над него, во неговиот живот како млад човек кога сексуалната страст е силна и поистакната, и наспроти ова и живееше во едно арапско општество, кадешто бракот како општествена институција се наоѓаше малку или во целост беше изгубено, а каде полигамијата беше општо правило и каде разводот беше лесен и неограничен. Во сите овие околности тој се ожени само со една жена, а таа беше Хадиџе (РадијАлаху анха) којашто беше многу постара од Пророкот, и со која живееше дваесет и пет години и не се ожени со втора, освен откако почина Хадиџе и кога веќе наполни педесет години. Во сите негови женидби што следуваа имаше причини, како што е општествената, политичката и др. Тој имаше за цел преку бракот да создаде односи со некои племиња и фамилии и на овој начин да отвори пат за луѓето да го примаат Исламот, освен Аиша. Се ожени Мухамед, милоста нека е над него, со жени што не беа девици, ниту млади, ниту убави...па дали тој е човек на страсти?!"
Можеби беше желбата за деца она што го натера да се ожени пак, бидејќи децата што ги имаше со неа умреа...".
Великодушниот Пророк се смета за најголема личност што историјата на човекот го има запознаено, и личност кој имал голема и активна улога во промените, за ова сведочат и немуслиманите коишто се продлабочиле во неговата биографија. Вели Michael Hart во неговата книга "Сто личности со најголемо влијание во историјата на човештвото".
"Мојот избор за Мухамед да биде првиот на листата на луѓето со најголемо влијание може да зачуди некои читатели, а некои други можат да се спротивстават, но тој (Мухамед) беше единствениот човек во историјата којшто успеа да постигне јасен успех на секое ниво, во верски аспект и во аспект на овој свет. И ова што го гледаме околу нас, овој повик што брзо се проширува и ова посветеност на неговите следбеници коишто се фатени за Неговиот Закон и со богатата и скромна слобода во ширењето на неговиот Сунет, заради ова се многубројни оние коишто ја прифаќаат ова вера, и многу се малку оние кои ја оставаат. Ако вистината ја допира љубовта во срцето и се меша душата, тогаш станува показател на патот за нив. Билал Хабеши којшто беше казнет со камџикување кога го прими Исламот и кога му ставија голем камен над неговите гради и којшто го влечеа на неговото лице во жешката пустина на Мека, само за да се оттргне од неговата вера. Ова претерување во казната не му додаде нему ништо освен што му ја зголеми упорноста и да јавно да ја искаже таа упорност. Остана зад него познатиот збор што го велеше (أحد, أحد) Еден, Еден".
И Сад ибн Векас којшто беше добар кон мајката негова. Кога тој го прими Исламот, неговата мајка му рече: "Јас нема да јадам, ниту да пијам додека не умрам, и ќе велат луѓето за тебе "Убиец на својата мајка". Тој рече: "Немој да го сториш ова мајко моја, бидејќи јас оваа вера не ја оставам за ништо". Таа не јадеше, ни пиеше еден ден и се умори од тоа. После ова остана и еден ден и ноќ и умори премногу. Кога Сад го виде ова и рече: "Се колнам во Алах, дали знаеш мајко дека и кога би имала сто души и сите тие да ти излезат едно по едно, немаше да ја оставам оваа вера, ако сакаш јади, и ако не сакаш не јади". Кога таа го сфати ова, почна да јаде.

Благородниот Пророк и забавниот аспект со неговата фамилија

Исламот го упатува муслиманот во задолжителноста за човекот да се грижи за себе со забавување во рамките на Шеријатот за да не се умори и за да го продилжи патот кон Алах со жртвување и со волја, како што рекол Пророкот: "Освежете ги срцата одвреме навреме". (ес Сехавиј)
Ова е со услов да не се претерува со игра и забавување и на овој начин целиот живот на муслиманот да стане игра и да нема никаква корист во него, па дури има и опасност од тоа за да човекот заборава за што е создаден.
Другарите на Пророкот се оние со кои почна повикот на Пророкот, и имаше од нив кои мислеа дека Исламот е вера која што не познава освежување, забава или дозволена игра.
Вели Хандале: "Ме сретна ебу Бекр и ми рече: "Како си Хандале?" Тој рече: "Реков: "Како хипокрит". Тој рече: "СубханАлах, што велиш?!" Јас реков: "Кога сме кај Пророкот тој не потсетува на Оганот и Рајот, како да ги имаме пред себе, но кога излегуваме откај Пророкот на Алах, се соочуваме со жените, децата и богатството и забораваме многу нешта".
Вели ебу Бекр (РадијАлаху анху): "Се колнам во Алах! И ние исто". И излеговме јас и ебу Бекр, додека влеговме кај Пророкот на на Алах и му реков: "Хандале направил хипокризија (нифак) о Божји Пророку!". Рече Пророкот: "Како тоа?". Јас реков: "Кога сме кај тебе, ти не потсетуваш на Оганот и Рајот, како да ги гледаме пред нашите очи, но кога излегуваме откај тебе се соочуваме со жените, децата, богатсвото, и забораваме на многу работи". Рече Пророкот: "Се колнам во Него во чија рака е мојата душа, кога вие би продолжиле да бидете секогаш како што сте кога сте со мене, ангелите ќе ви подадоа раце со поздрав во вашите легла и вашите улици, но Хандале, мигови и мигови". (Муслим)
Но оваа перцепција се промени во времето кога Исламот ги направи дел од верата, играњето со семејството, забавувањето и нивното радување. Во ова нема чудење, зашто Исламот е перфектна вера којашто ги исполнува сите барања на човекот, душевните барања, психички и физички. Вели Пророкот: "Секоја игра е залудна освен четири: Играњето на мажот со неговата жена, кога човекот го вежба својот коњ, претекнувањето на непријателот (во сила и вештини) и учењето пливање". (Несаи)
Истотака оваа перцепција се промени кога тие го видоа Пророкот како ги поттикнува на оваа. Пренесува Џабир бин Семурах: "Беше Пророкот на Алах којшто не стануваше од местото каде што го клањал сабахот, додека да изгрее сонцето. После изгревот на сонцето ќе станеше и ќе почнаа да зборуваат за предисламското незнаење, тие (сахабите) ќе се смееја, а тој ќе се насмееше". (Муслим)
Но не само ова, тој дури и ги опоменуваше оние кои што не им давале на самите себе она што го заслужуваат. Му рекол Пророкот на Абдулах ибн Омер: "О Абдулах, ми стигнало вест дека ти (си се заколнал) ќе постиш дење и ќе клањаш цела ноќ (додека си жив)?" Тој рече: "Да, о Божји Пророку". Пророкот рече: "Не прави вака, (некогаш) пости и (некогаш) јади, клањај и спиј. Ти навистина имаш одговорност кон твоето тело, пости и јади, и имаш одговорност кон твоето око, и имаш одговорност кон твојата жена, и кон твојот посетител имаш одговорност". (Бухари)

1. Пророкот се забавува со своето семејство
Алаховиот Пророк беше човек кој се грижеше за забавувањето на своето семејство и да го подобри семејното расположение и да им внесе радост во нивните срца. Тој ја искористуваше секоја можност што ќе ја најдеше за да ја оттргне од нив досадата. Вели Аиша (РадијАлаху анха): "Влегоа хабешиите (етиопејците) за да играат во џамијата, и тој рече: "О Хумејра (со бело лице со ситни црвени точки по лицето) дали имаш желба да гледаш?" Јас реков: "Да". И тој застана кај вратата и јас се качив и ја ставив главата на неговото рамо со мојот образ до неговиот образ". Таа вели: "Од нивните зборови беа Ебу ел Касим е добар". Рече Пророкот на Алах: "Дали ти беше доволно?" Јас реков: "Не се брзај о Божји Пророку", па после рече: "Дали ти беше доволно?" Јас реков: "Не се брзај о Божји Пророку ", јас не сакав да ги гледам нив, туку сакав другите жени да ја знаат неговата положба кај мене, и мојата положба кај него"

2. Благородниот Пророк им простува за да ја зачува семејната среќа
Возвишениот Алах го воспита него, и беше од неговото добро однесување што не се караше со некој за нешто што не му се допаѓаше, туку ќе им простеше и ќе го запоставеше, ова е така кога станува збор за нешта о што нема шеријатска пречка. На овој начин тој не им ги повредуваше чувствата на луѓето нити ги бркаше. Кога велиме дека тој ги запоставил, ова значи дека тој запоставил некои нешта што не му се допаѓале, имајќи потполно знаење за тоа нешто. Вели Аиша, жената на Пророкот: "Влезе кај нас ебу Бекр и кај неа имаше две мали девојчиња кои удираа во дефот, и сево ова беше во деновите на Мина и Пророкот беше завиткан со неговата облека. Ебу Бекр ги искара, и Пророкот го откри лицето и рече: "Остави ги о ебу Бекр, овие се денови на Бајрам, овие се денови на Мина". Вели Аиша: "Го видов Пророкот на Алах покривајќи ме и јас гледајќи ги хабешиите играјќи во џамијата". Омер ги искара нив, Пророкот рече: "Остави ги на сигурно Бениј Ерфеда". (Бухари)

3. Благородниот Пророк и среќата со неговите жени
Од знаците на љубовта и емоционалната смиреност е барањето се што воведува среќа во срцето на оној кого го сакаш. Беше Пророкот кој секогаш се трудеше да ја прави својата фамилија среќна.
Вели Аиша (РадијАлаху анха) дека играла една игра со девојките кај Пророкот, и често доаѓаа кај неа нејзините другарки. Вели таа: "Некогаш тие престанаа да доаѓаат заради Пророкот, но беше Пророкот кој ги донесуваше кај мене".

4. Благородниот Пророк и играњето со семејството
Исламските учења подучуваат кон се што е корисно за душата и телото, истотака и кон тоа што има позитивно влијание во емоционалната состојба. Пророкот им донесуваше среќа и радост на неговата фамилија, и тој не го запоставуваше овој аспект.
Тој се шегувше со семејството и секогаш ја говореше само вистината, и се знае дека шегата е посакувана од душата и ја тргнува досадата, ако шегата е во склоп се Шеријатот, значи да не биде лага или претерување кон некого. Вели Аиша: "Се врати Пророкот на Алах од еден погреб во гробовите Бекиј, и ме најде мене со главоболка велејќи: "Ах главата!" Тој рече: "А јас ој Аиша, што ќе се случеше ако ти умреше пред мене и те перев, те завиткав со Ќефин, ти клањав џеназе и те погребував?" Јас реков: "За Алах, ако те видев (да го правиш тоа што го велиш), ако го направеше ова ќе се вратеше во мојата куќа и ќе се средеше со некои твои жени!" И Пророкот се насмеа и после ова му почна болката од којашто почина". (Хасен, Даримиј)

5. Благородниот Пророк и екскурзиите со фамилијата
Животот на Пророкот беше полна со нешта што ја смируваат душата. Неговите излети со семејството не беа пречени од фактот дека нему му се објавува Куранот и фактот дека тој е лидер на Уметот. Вели Аиша која ни пренесува за нејзиното излегување на патувања со Пророкот: "... и беше Пророкот кога ќе беше ноќ излегуваше со Аиша и зборуваше со неа..." (Муслим)

6. Благородниот Пророк и смеата и шегата со семејството
Смеата е прородно за човекот, вели Пророкот (Алејхи салату уе селам): "Твојата насмевка во лицето на твојот брат е садака(добротворност)". (Тирмидиј)
Вака не научил нашата вера, значи муслиманот треба да биде насмеан а не намуртен. Ако е лицето како небото со црни облаци, ова ќе биде пречка во односите со луѓето. Пророкот беше насмеан и другите ќе ги насмееше за да ја тргне загриженоста и досадата од тие што седеа со него и за да им донесе среќа и радост.
Вели Пророкот: "Немој да потценуваш некое добро дело, дури и тоа дело да е мало како да го сретнеш твојот брат со отворено (насмеано) лице".

7.Благородниот Пророк и ширењето на забавата со неговото семејство
Беше од природата на Пророкот дека се шегуваше со оние кои ќе седеа околу него. И неговото семејство беа од тие кои заслужуваа да се освежат со неговите шеги за да им се тргне од нив досадата и да им се внесе радоста.
Вели Аиша: "Дојдов кај Пророкот со Хазира (јадење направено од брашно помешано со масло, исто и вриено месо со сол) којашто ја имав готвено за него. Тој и рече на Сеуда која беше седната меѓу мене и него "Јади", но таа одби. Реков јас: "Или ќе јадеш или ќе ти го обојам лицето (со храна), јас ја ставив раката во храната и и ја обоив нејзе лицето, но таа одби да јаде, после ова Пророкот се насмеа и ја тргна неговата нога за таа да стигне до мене полесно и и рече на Сеуда: "Сега обои и ја лицето" и таа ме обои во лицето и Пророкот се насмеа. Помина Омер (РадијАлаху анху) и викна: "О Абдулах, о Божји робу", Пророкот си помисли дека ќе влезе внатре и ни рече: "Измијте си ги лицата" и јас секогаш имав стравопочит од Омер од неговата почит што ја имаше кон Омер". (Ебу Ја'ла ел Мусилиј, Албани вели дека е Хасен)

8. Благородниот Пророк и неговото учество во радоста на другите
Беше од мудроста на Пророкот дека делувал и бил интерактивен со секој човек во зависност за што станувало збор, се додека тоа не се косело со Шеријатот.
Вели Аиша: "Дојде Пророкот од Битката на Тебук или Хајбер и имаше еден покриен котел, и кога дувна ветер го откри тоа што е покриено од едната страна и рече: "Што е ова Аише?" Таа рече: "Тие се моите девојки" и виде меѓу нив еден коњ со два криља од парчиња и рече: "А што е ова што го гледам меѓу нив?" Таа рече: "Коњ" А што се тие над него? Таа ррче: "Тие се две криља". Тој рече: "Коњ што има два криља?!" Таа рече: "Зарем не си слушнал дека Сулејман имал коњ со два криља?" Таа пак рече: "Се насмеа толку што му ги видов задните заби". (ебу Давуд)

9. Благородниот Пророк и неговата радост со радоста на семејството
Внесувањето на радоста и среќата во семејството е од добрите знаци на еден човек. Пророкот беше кој се трудеше да внесе радост во неговото семејство.
Вели Аиша: "Беше седнат Пророкот и слушнавме бучава и глас на деца. Пророкот стана и виде дека хабешиите играа а децата околу нив си играа. Тој рече: "Аише, дојди и гледај". Јас дојдов и ја ставив главата на неговото рамо со мојот образ до неговиот образ". Таа вели: "Од нивните зборови беа Ебу ел Касим е добар". Рече Пророкот на Алах: "Дали ти беше доволно?" Јас реков: "Не се брзај о Божји Пророку", па после рече: "Дали ти беше доволно?" Јас реков: "Не се брзај о Божји Пророку ", јас не сакав да ги гледам нив, туку сакав другите жени да знааат за неговата положба кај мене, и мојата положба кај него...во едно време излезе Омер и луѓето почнаа да се оддалечуваат и делат". Рече Пророкот: "Јас гледам како ѓаволите од луѓето бегаат од Омер". Таа рече: "И јас се вратив". (Тирмидиј)

10. Благородниот Пророк и неговото нежно однесување со семејството и зборувањето со нив
Беше традиција на Пророкот да се однесува нежно со семејството, и кога зборуваше со нив и со што се засилуваше меѓусебното сфаќање и семејните односи, и се зајакнуваше љубовта. Вели Сафије бинт Хујеј дека дошла кај Пророкот на Алах за да го посети во Итикаф во последните десет дена на Рамазан и зборе со него неколку мига. После таа стана за да оди дома, и стана и Пророкот за да ја испрати до дома, додека стигна кај вратата на Уму Селемех, и таму поминаа два мажи од енсарите и го поселамија Пророкот, а тој им рече: "Не се брзајте таа е Сафије бинт Хујеј (мојата сопруга)". Тие двајцата рекоа: "СубханАлах о Божји Пророку" и им рече: "Навистина ѓаволот се движи во човекот како што се движи крвта, и јас се плашам да не стави нешто во вашите срца". (Бухари)


Благородниот Пророк и емоционалната страна со семејството

Исламот ги чува човечките аспекти во природноста во којашто го создал на почетокот. Од овие аспекти е и емоционалниот аспект меѓу жената и мажот и ја третира сескуалната желба како задолжителна потреба, којашто бара да се пополни и да не се притисне. Оваа сексуална желба не е само страст и само валкано животинско перцепција. Заради ова Алах го регулирал ова со брак кој се гради врз чистота и во чување на честа, којашто дава душевна смиреност и емоционална издржливост, истотака и им ги гарантира правата на двете страни. Вели Возвишениот Алах: "И од Неговите докази е дека од вас создал пар за да почивате кај нив, и создаде меѓу вас љубов и милост, навистина во оваа има докази за еден народ што мисли". (ер Рум 21)
Заради ова Исламот ги наредува своите следбеници да брзаат да се венчаат кога имаат можност. Вели Пророкот (Милоста и мирот нека се над него): "О млади! Кој од вас има можност нека се жени, бидејќи ова поблиску до чувањето на погледот и почисто за органот (гениталниот орган), кој нема можност нека пости, бидејќи ова е пречка". (Муслим)
Пророкот предупредил за невенчањето, вели Енес бин Маилк: "Дојдоа три делегации во куќите на жените на Пророкот за да ги прашаат за ибадетот (обожавањето на Алах) на Пророкот, и кога им кажаа како беше неговиот ибадет, тие како да почнаа да збораат меѓу себе велејќи: "Каде сме ние и ибадетот на Пророкот, кому Алах му ги простил гревовите од минатото и иднината". Едниот од нив рече: "Јас ќе клањам цела ноќ", дугиот рече: "Јас ќе постам и нема да јадам", и третиот рече: "Јас ќе се оддалечам од жените и нема да се женам никогаш". Дојде Пророкот кај нив и им рече: "Вие сте тие кои рекоа вака и вака?" Се колнам во Алах, јас се плашам повеќе од Алах и сум побожен, јас постам и јадам, се клањам и спијам, и се женам, кој се оддалечува од мојот Сунет не е од мене". (Бухари)
Исламот ја подигнал емоционалната страна меѓу мажот и жената и ја направил таа ибадет за кој муслиманот се наградува, исто како што се наградува за другите добри дела.
Вели Пророкот: "... и во интимните односи има садака", тие рекоа: "О Алахов Пророку, дали и кога некој ја исполнува сексуалната страст има награда?!" Тој рече: "Ако некој оди во харам (вонбрачен сексуален однос) дали ќе има казна? Исто, и ако оди во халал има награда". (Муслим)
Тој исто поттикнал во овој аспект заради големата важност што го има во животот на муслиманот, такашто преку пополнувањето на страста да живее смирен психички и да ги врши ибадетите со смирена глава.
во продолжение ќе земеме некои секвенци од животот на Пророкот со неговото семејство во емоционалниот аспект.

1. Благородниот Пророк и непредавството кон семејството
Беше Пророкот пример кого луѓето го земаа за пример. Вели Џабир бин Абдилах дека Пророкот рекол: "Кога некој од вас гледа некоја жена од која се воодушевува, нека оди кај својата жена, зашто и кај неа го има истото што го има кај другата". (Тирмидиј)

2. Благородниот Пророк и семејството што му недостигало
Самиот факт дека некој се враќа брзо од патувањето е доказ за неговата љубов кон нив. Вели Пророкот: "Патувањето е дел од казната, (човекот) го лиши од јадењето, пиењето и спиењето. Кога некој од вас ќе ја заврши својата потреба, нека се брза на враќање".

3. Благородниот Пророк и обновувањето на љубовта кон семејството
Подарокот има голема улога и станува уште поскапа аке е од некој што го сакаш. Вели Пророкот: "И подарувајте подароци, бидејќи подарокот ја отстранува жештината на градите, и немојте да го потценувате едно големо месо со малку коска, бидејќи тоа е за камилата, како што е ногата за коњот". (ибн Хаџер)
За да се обнови љубовта и да помине лошото што останало во егото, која влијае негативно во брачниот живот. Пророкот го советувал човекот да му даде подарок на тој што го сака. Вели тој: "Кога некој од вас се враќа од патувањето, нека се врати кај фамилијата со подарок". (ибн Хиббан)

4. Благородниот Пророк и толеранцијата кон семејството
Од добриот персоналитет на човекот е да не дига рака кон семејството. Ѓаволот се обидува да го однесе во заблуда овој човек и да го однесе на валкан пат. Двете очи вршат блуд, нивниот блуд е погледот, увото врши блуд, неговиот блуд е слушањето, јазикот врши блуд, неговиот блуд е зборувањето, и раката врши блуд, неговиот блуд е допирот, ногата врши блуд, неговиот блуд е чекорот, и срцето има надеж и посакува, а органот (генитален) ти го потврдува ова или ти го негира.
Вели Аиша: "Кога верничките емигрираа кај Пророкот и кај Алах, Пророкот ги проверуваше (со проверка дека се навистина муслиманки). Вели Алах (Субханеху уе теала): "О ти Пророку, кога ти доаѓаат верничките и ти даваат присега дека нема да сторат ширк во Алах, ниту да крадат и да не чинат блуд (зина)..." (ел Мумтехине) и кој од верниците ќе го признаеше ова ќе ја признаеше и проверката. Кога тие ќе даваа присега, Пророкот ќе им велеше: "Сега одете, зашто веќе дадовте присега" и се колнам во Алах, раката на Пророкот не допрел рака на некоја жена, тој ќе им ја земеше присегата усно". (Муслим)

5. Благородниот Пророк и изразувањето на љубовта кон семејството
Што се однесува до изразувањето на љубовта кон семејството, Пророкот не наоѓаше теснина во себе, истовремено ова е од неговото добро воспитание и соживотот воопшто, имајќи предвид дека тој беше испратен во едно џахилијетско општество, општество кое ја сметаше жената за ништо. Вели Аиша: "Пророкот не станал љубоморен за жените освен за Хадиџе, која не ја стигнав. Беше Пророкот кога ќе колеше овца ќе речеше: "Ова испратете ја за другарките на Хадиџе". Еден ден се изнервирав и реков: "За Хадиџе...?!" Тој рече: "Мене ми е подарено љубов за неа". (Муслим)
Вели Аиша (РадијАлаху анха): "Беше Пророкот кога ќе ја спомнеше Хадиџе, ќе ја фалеше со добри нешта, еден ден јас станав љубоморна и реков: "Ти многу ја спомнуваш неа, но Алах ти ја заменил со подобра". Тој рече: "Алах не ми ја заменил со подобра. Таа веруваше во мене, кога другите направија куфр во мене, таа ми веруваше кога другите не веруваа, и таа ме помогна со нејзиното богатство кога другите не ми даваа, и Алах ми подари деца од неа, и не ми подари од другите жени". (Ахмед)

6. Благородниот Пророк и чистотата на семејниот живот
Исламските учења не учат дека Возвишениот Алах е убав и ја сака убавината, и е кој дава и кој ги сака оние што даваат, и е чист и кој сака чистотата, исто како што не учел Пророкот за да човекот биде во најдобар изглед со луѓето воопшто, а посебно со семејството.
Вели Пророкот: "Кога некој ќе оди кај жената (за интимен однос) и сака пак да се врати, нека земе абдес". (Муслим)
И рекол: "Ова е почисто и подобро". (ебу Давуд)

7.Благородниот Пророк и почитувањето на чувствата на неговите жени за време на интимниот однос
Брачниот живот е соживот меѓу двајцата, и заради ова задолжително е да има хармонија и слога за да се стигне до шеријатската намера, а тоа е зачувувањето на честа и продолжението на поколенијата. Заради ова е забрането да се ејакулира пред "предиграта".
Вели Пророкот: "И не ја пуштај (спермата) додека не и дојде задоволството какошто ти дошло тебе, и да ја претекнеш неа". Реков: "И вака до кога?" Тој рече: "Па ти ќе ја бакнеш неа, ќе и замигнеш на неа, ќе и збориш, и кога ќе осетиш дека и дошло тоа што ти дошло, тогаш пушти ја".
Тој го сметал ова за многу важен аспект, за таа да ја добие тоа задоволство што ја добил тој.
Вели Пророкот: "Кога некој од вас ќе има однос својата жена, нека го стори тоа што подобро, ако тој ја заврши потребата(ејакулира) пред таа да ја заврши потребата, немој да ја забрзаш додека таа да ја заврши потребата (и таа ејакулира)". (ел Хејтемиј)

8. Благородниот Пророк и меѓусебната брачна лубов
Вистинска љубов е таа љубов што трае, и којашто не се променува со времето и со околностите. Ова е љубовта на Пророкот со неговите жени. Вели Аиша: "Ќе ми се доближеше Пророкот (интимно, но без вагинален контакт) кога јас ќе бев во менструации, тој ќе ја вадеше главата од џамијата кога беше во Итикаф и јас ќе му ја миев а јас бев во менструации". (Бухари)

9. Благородниот Пророк и неширењето на семејните тајни
Брачниот живот е една од тајна од тајните за кои шеријатот инсистирал да се чуваат. Станува збор за таа тајна што го прави слушателот да живве мигови на делото преку слушањето и опишувањето. Ова нешто го руши срамот и го уништува воспитанието.
Вели Пророкот: "Луѓе со најлоша положба на Судниот Ден ќе биде оној кој и го открива тајните на својата жена, и таа жена која ги открива (тајните) на својот маж и после ги шири (тајните)". (Муслим)

10. Благородниот Пророк и привилегијата на неговите жени
Беше Пророкот со нежни чувства и чувствителен, и им велеше на жените свои, љубовни и нежни зборови со кои секоја од неговите жени ќе мислеше дека баш таа ја сака повеќе од другите жени. Тој ќе ја викнеше секоја од нив со имиња кои ним им се допаѓаа. Тој ја викаше Аиша "Хумејра", и некогаш ќе им ги скратеше имињата за да им го појасни ним она љубов што го има во неговото срце, ќе и речеше "О Аиш...". (Муслим)

11. Благородниот Пророк и неговата блискост со семејството дури и кога имало шеријатска причина
Дури и кога имаше причина, тој седеше со семејството, јадеше, пиеше со нив, имаше однос со неговите жени за ги задоволи нивните страсти и да им ги објасни шеријатските регулативи по оваа прашање и да им објасни што му е дозволено на мажот во релација со својата жена. Ова е во спротивно со тоа што се учи во христијанската света книга, каде жената во менструација се оценува како валкана и го наредува мажот да се оддалечува од својата жена. (Левитик 15:19)
Вели Аиша (РадијАлаху анха): "Пророкот ќе имаше однос со мене (без директен вагинален контакт) облечен во една облека и јас бев во менструации, но тој можеше да ја контролира својата страст". (Бејхеки)

12. Благородниот Пророк се грижи за чувствата на своите жени
Потребата на жената за мажот и потребата на мажот за жената е природно нешто што Алах ги создал кај човекот. Оваа потреба е трајна и не е сезонско како што е кај некои животни кога се парат.
Пророкот не ги бојкотираше жените, тој спиеше со нив и се задоволуваше кога тие беа во менструации, но без вагинален контакт.
Вели Аиша: "Беше Пророкот кој ќе се клањаше во ноќта и јас бев до него и бев во менструации и имав ставено волнено парченце, и тој до него имаше парченце". (Муслим)

13.Благородниот Пророк и страста со своите жени
Делата на Пророкот воопшто се упатство за неговиот Умет и се законски одредби, преку кои тие можат до го регулираат нивниот верски живот. Во неговите сексуални односи што ги имал со своите жени и спиењето со нив кога тие биле во менструалниот период има многу шеријатски значења со кои се објаснува значењето на чистотата на женското тело и место, и дозволата да се спие со неа во иста постела, и многу други одредби.
Вели Аиша (РадијАлаху анха) : "Беше Пророкот (Сал-лАлаху алејхи уе сел-лем) кој доаѓаше кај мојата соба а јас бев во менструации, и читаше Куран". (Муслим)

14. Благородниот Пророк и капењето со своите жени
Пророкот беше претпазлив и секогаше се обидуваше да донесе среќа во семејството во секој случај, дури и кога беше телесно слаб. Пророкот се капеше со своите жени и си играше со нив при капењето. Вели Аиша: "Јас се капев со Пророкот во еден сад, јас ќе го прскав (играјќи) и тој ќе ме прскаше, додека да речеше "Пушти ме мене" а јас ќе речев" Пушти ме мене". (Несаи)

15. Благородниот Пророк и бакнењето на своите жени
Одржувањето на страста во брачниот живот е потребно, ова се остварува и со мали дела и со лесни зборови преку кои се добива љубовта на жената и ја гаси емоционалната жед кај нив. Ова е причина која ги смирува нив.
Вели Аиша: "Се приближи Пророкот за да ме бакне и јас му реков: "Јас постам" тој рече: "И јас исто" и ме бакна". (Несаи)


Пророкот и човекчкиот аспект со семејството

Пророкот Мухамед (Мирот нека е над него) беше човек како сите луѓе кој беше привилегиран и почестен со фактот дека му беше даден пејгамберлукот за да го пренесе нив и за да ги извади нив од обожавањето на луѓето кон обожавањето на Богот н луѓето. Пренесувањето на Шеријатот е добрина кјоашто Алах му ја дава кому сака од робовите.
Вели Алах: "Вели: "Јас сум човек како вас, ми е дадено пророштвото дека вашиот Бог е Еден, и кој се надева на состанокот со неговиот Бог, нека прави добри дела и нека не прави ширк во ибадетот на неговиот Бог". (ел Кехф 110)
Пророкот немал особини кои му припаѓаат само на Господ, тој не го знаел Гајбот (тајната). Вели Алах: "Вели: "Јас не можам да му користам и ниту да му штетам на сам себеси, освен тоа што сака Алах. Кога би ја знаел тајната (гајбот) ќе правев уште повеќе добри дела, и ниту немаше да ме погоди некое лошо (нешто). Јас сум само што опоменува и кој донесува радосни вести за еден народ кој верува". (Ел Арааф 188)
Со неговата голема важност и почит што ја имаше меѓу лиѓето, тој одби луѓето да претеруваат за него, или да се постави себеси во позиција да биде обожаван како што се обожава само Алах. Вели Пророкот: "И немојте да ме сметате за свет како што христијаните го сметаа за свет Иса синот на Мерјем. Јас сум Негов роб, велете: "Роб и Негов Пророк". (Бухари)
Неговите особини биле човечки, и не бил бесмртен: "Не беше Мухамед друго, освен пророк, пред него имало и други пророци. Тој ако умре или биде убиен (зарем) вие ќе и свртите грб (на Исламот). Кој и врти грб нема на Алах ништо да му штети. Алах ќе ги награди оние што се благодарни". (Ал Имран 144)
Тој се разболувал како и другите луѓе и бара лекување. Вели Абдулах ибн Месуд: "Влегов кај Божјиот Пророк и тој имаше силна болка и му реков": "О Божји Пророку имаш силна болка?" Тој рече: "Да, јас имам болка колку што имаат два мажи од вас". Јас му реков: "Ова е затоа што имаш дупла награда?" Тој рече:"Да, нема муслиман кој што ќе биде погоден од нешто лошо, било да е тоа или некој трн или нешто помало од тоа, самошто Алах со тоа ќе му и брише лошите, исто како што паѓаат лисјата од дрвото". (Бухари)
Забелешка: Ова реченица "Ова е затоа што имаш дупла награда?" го објаснува значењето на Хадисот кога Сад ибн Веккас му рекол на Пророкот: "Кои луѓе ќе имаат повеќе искушенија?" Тој рекол: "Пророците, па после оние кои што го следат нивниот пат, човекот има искушенија колку што има и вера".
Тој се радува и чувствува жалост Вели Омер ибнул Хаттаб дека еден маж дошол кај Пророкот кога на Пророкот му умрел неговиот син Ибрахим, и му рече мажот што беше дојден да му изрази сочуство: "Или ебу Бекр или Омер ти си оној којшто Алах повеќе го воздигнал". Пророкот му рече: "Окото вади солзи а срцето жалува, а ние не го велиме тоа што го изневерува Бог. Да не беше вистинското ветување и ветеното заедно и дека последниот следува после првиот, ќе најдевме за тебе о Ибрахим подобро од тоа што сме нашле, и ние жалиме за тебе" (ибн Маџех)
Тој се радува и чувствува болка. Вели Џафер ибн еби Талиб кога раскажува за враќањето од земјата на Хабешиите. "Излеговме додека стигнавме во Медине и ме сретна Алаховиот Пророк, се доближи и ми рече: "Не знам со што повеќе да се радувам, со ослободувањето на Хајбер или со даѓањето на Џафер". (ибн Хаџер)
Тој и заборава. Се случило во намаз заборавил и го поправиле, вели Абдулах ибн Омер: "Ни предводеше Алаховиот Пророк во намаз на јација со две рекати, и му рече нему Дхул Једејн: "О Божји Пророку, заборави или намазот стана покус?" Тој рече: "Нити сум заборавил, нити станал покус". Тој рече: "Ти ни клањаше два рекати". Тој се сврте кон џематот и рече: "Дали е така како што вели Дхул Једејн?" Тие рекоа: "Да". Тој после клањаше уште два рекати и направи сеџде за заборав". (ибн Хаџер)
Тој не е безгрешен во однос со луѓето кадешто може да згреши или да не згреши. Пророкот е безгрешен во тоа што тој го пренесува од својот Бог. Поминал Пророкот пред некои палми (од урми) и ги видел луѓето како ги множат урмите, и рече: "Што прават овие?" Тие рекоа: "Земаат од машкото и ставаат во женското". Тој рече: "Јас сметам дека од ова нема добивка". Овој збор стигна до оние, и тие ја оставија работата и слегоа од дрвата, и оваа вест стигна до Пророкот, и тој рече: "Јас само така сметав, ако тоа вреди, тогаш така правете, бидејќи јас сум само човек како вас, и некогаш кога сметам за нешто може да бидам во право или да згрешам, и затоа ви реков и јас не лажам за Алах". (Муслим)
Тој е само човек во однос со луѓето. Вели тој: "Алаху мој! Навистина Мухамед е човек, се лути како што се лутат луѓето, и јас имам ветување од тебе којашто ќе ми ја исполниш. На секој верник кому сум му сторил лошо, пцуел или сум го удрил со камџик, направи го тоа опрост за него и направи го тоа нешто со што ќе се приближи кон Тебе во Суднио Ден". (Муслим)
И беше човек во неговиот општествен живот, се женеше и имаше желба за поколенија, и беше како пророците пред него. Вели Алах: "И Ние не сме испратиле пророк пред тебе, (освен што и на нив) им направивме на сопруги и поколенија, и не му прилега на еден пророк да дојде со еден аргумент освен со Алаховата дозвола. За секој период има пишување". (ер Рад 39)

Ќе земеме некои аспекти од неговите односи со луѓето
1.  Благородниот Пророк и неговиот опрост кон грешките на неговото семејство.
Љубомората е во човечката пророда, беше Пророкот кој ќе ја прифатеше љубомората на фамилијата негова со широко срце и ги лекуваше резултатите кои произлегуваа од таа со мудрост и нежнина. Вели Енес бин Малик (РадијАлаху анху) : "Беше Пророкот кај една од неговите жени и една од мајките на верниците испрати еден сад што имаше јадење и удри во раката на Пророкот и се скрши (садот). Пророкот ги зема двете парчиња и ги спои велејќи: " Вашата мајка стана љубоморна" и потоа го натера слугата да чека додека дојде со сад од садовите на онаа во чија што куќа беше и го стави нескршениот сад кајшто беше скршениот, а скршениот го однесе во куќата од кајшто беше донесен".(Бухари)

2. Благородниот Пророк и лојалноста кон фамилијата
Исполнувањето на ветеното и чувањето на ветеното се особини кои алудираат на персоналитетот на човекот кој е украсен со тие особини.
Вели Аиша (РадијАлаху анха) : "Беше Пророкот кога ќе ја спомнеше Хадиџа ќе ја фалеше со добри пофалби, еден ден јас станав љубоморна и реков): "Ти многу ја спомнуваш неа, но Алах ти ја заменил со подобра ". Тој рече: "Тој не ми ја заменил со подобра. Таа веруваше во мене кога луѓето направија куфр (неверство) во мене, таа веруваше во мене кога другите ме сметаа за лажго и таа ми помогна со нејзиното богатство кога луѓето ме пречеа од тоа и Алах ми подари деца со неа а со другите жени не ". (Пренесу ва Ахмед)

3. Благородниот Пророк и неговата голема почит кон своите жени
Беше Пророкот (Божјиот мир нека е над кего) во целиот свој живот, пред и после обавувањето на Куранот тој никогаш не кренал рака над некоја жена воопшто а камоли кон некоја негова блиска жена. Се знае дека нема семејна куќа во кое нема проблеми, а и куќата на Пророкот не беше исклучок, но и спроти ова тој ниеднаш не тепал некоја од своите жени или да збори со нив со некој понижувачки збор.
Вели Аиша: "Пророкот ниеднаш не удрил жена".
Вели Абдулах бин Убејд: "Кога на Пророкот му се скрши забот (во џихад) и му пукна челото и кога крвта му течеше по неговото лице му велеа нему: "О Божји Пророку, моли му се на Алах да ги уништи тие (кафири неверници) ". Рече Пророкот: "Алах не ме испратил да претерам во критики нити да зборам лошо за луѓето нити да колнам, но ме испратил како повикувач и милост, О мој Алаху, прости му на мојот народ, тие не знаат". (ел Бејхеки)

4. Благородниот Пророк и болката кон своите жени
Женидбата на Пророкот со девет жени имаше причини и оправдувања. Од причините беше милоста, благодарноста и болката за тие што веруваа и го следеа него и спроти нивните потешкотии што следеа во овој пат.
Од овој вид на женидба е неговата женидба со Сеуда бинт Зум'а (РадијАлаху анха). Таа беше педесет годишна. Жителите на Мека се зачудија од оваа свадба, бидејќи таа не беше убава и не беше посакувана од мажите. Таа имаше пет деца, но нејзината човечност ја направи тој да ја запознае таа и да биде нежен со нејзините маки. Нему му беше жал за неа и ја почасти Пророкот со женидба кога таа се врати од Хабеше (Етиопија) бидејќи и се закани ризик после смртта на нејзиниот сопруг.
Сакаше Пророкот да ја разведе после што помина еден дел од животот со неа, бидејќи сакаше да ја ослободи од некои сопружни обврски и одговорности кои што таа не можеше да ги исполни. Кога таа го сфати ова му рече: "Не ме разведувај, држи ме и давај ги моите денови на Аиша".
За ова дошол Ајетот: "И нема грев за нив за тие двајца да се разберат, бидејќи разбирањето е добро ".
Беше нејзина желба да воскресне како жена на Пророкот ". (Тирмизи)

5. Пророкот и милоста за неговите жени
Вели Пророкот: "Навистина ти имаш одговорност кон твоето тело и имаш одговорност кон твојата жена и кон твојот гостин и имаш одговорност кон твојот другар ".

6. Пророкот и неговото задоволство со семејството
Беше Пророкот многу нежен со луѓето особено со неговата фамилија. Некогаш ќе чуеше кога некој ќе претера над него, но тој ќе го забележеше тоа и ќе поминеше низ тоа трпејќи и простејќи им во грешките што не беа шеријатски. Сето ова тој ќе го совладаше со насмевка, опрост, со љубов и нежност.

7. Пророкот и помагањето негово кон своите жени
Беше од методологијата на Пророкот помошта кон нив и нежноста.
Вели Ебу Хурејра: "Еден бедуин (човек што живее во пустина) влезе во џамија... и не остана долго и уринира во еден дел од џамијата, луѓето побрзаа кон него (да преземат мерки), и во ова Пророкот ги запре велејќи им: "Вие сте испратени како олеснувачи и не сте испратени како отежнувачи, истурајте (во местото) еден сад со вода". (ебу Давуд)
Вели Аиша, мајката на верниците објаснувајќи нежноста на Пророкот кон жените: "Ни даде храна како подарок на мене и на Хафса, а ние постевме. И рече едната на другарката: "А да јадеме од ова? " Таа рече: "Да " и го изедовме. Кога дојде Пророкот му рекоа нему: "О Алахов Пророку ти нас ни даде еден пдарок но ние го изедовме а постевме(нафиле) ". Тој рече: "Нема ништо, постете некој друг ден место овој ден". (Муслим)

8. Благородниот Пророк и нежноста кон своите жени
Земањето на храната и хранњето на жената ставајќи и ја храната во устата и давањето да пие се дела со кои се придобива срцето на жената, и е аргумент на доброто однесување и љубов... но не само тоа туку е и добротворно дело за кое ќе бидеш награден од Алах. Вели Пророкот (Сал ла Алаху алејхи уе сел-лем): "Кој дава садака и сакајќи го со тоа Алаховото лице ќе биде награден, дури и залакот кој го ставаш во устата на твојата жена (да јаде) ". (Бухари)

9. Пророкот и грижата за фамилијата
Почитувањето на чувствата е показател на чистотата на душата и на внатрешната чистота. Пророкот се грижеше за чувствата на фамилијата и немаше да им замери за тоа што ќе излезеше од нив без намера. Вели Амар бин Јасир: "Пророкот и војската застанаа да одмарат и со него беше Аиша, неговата жена, и нејзе и се скина ѓерданот од Дхифар (град во Јемен). Останаа луѓето да бараат додека дојде утрото а луѓето со себе немаа вода". Ебу Бекр се налути и и рече: "Ги задоцни луѓето кои немаат вода" и Алах го одреди олеснувањето за тејеммум со земја. Тој рече: " Стана Пророкот на Алах и муслиманите и ја удрија земјата со рацете и ги кренаа рацете во кои не беше преостанато земја и ги бришеа лицата и рацете до рамото и од дланките до пазувите". (Несаи, Албани вели дека е Сахих)

10. Пророкот и разубавувањето за своите жени
Добриот изглед и мирис е нешто што ги задоволува душите и ги смирува и задоволува срцата.
Вели Аиша (РадијАлаху анха) : "Ми се чини дека го гледам блесокот на парфемот на главата на Пророкот додека тој беше во ихрам" (Несаи)
Кога ја прашав Аиша: "Со што влегуваше Пророкот кај тебе? " Таа рече): "Кога ќе влезеше кај мене почнуваше со мисвак (дрвце за чистење заби)". (Албани Сахих)
Ова беше навика на Пророкот за да биде со добар мирис секогаш дури и кога спие. Кога ќе легнеше да спие секогаш ќе спиеше со абдес. Вели Енес бин Малик, неговиот слуга: "Не сум намирисал анбер (тврда материја којашто кога ќе се запали мириса убаво) и ниту парфем којшто мириса подобро од мирисот на Пророкот, и ниту сум допрел нешто, кадифе или свила помека од рацете на Пророкот ". (Муслим)

11. Благородниот Пророк и изразувањето љубов кон своите жени
Пророкот не научил да изразиме љубов кон тие што ги сакаме, а со тоа да продолжи љубовта и соживотот.
Вели Амр ибн ел Ас: "Дојдов кај Пророкот и му реков: "Кој од луѓето ти е најдраг?" Тој рече: "Аиша". Јас реков: "А од мажите? " Тој одговори: "Нејзиниот такто". Реков): "А после него?" Рече: "Омер". И после одброи мажи, а јас замолчив од страв дека мене ќе ме спомене на крај ".

12. Пророкот и стравот за својата фамилија
Стравот е природно кај луѓето додека тој страв не ги поминува границите на нормалното. Пророкот се грижел за семејството за да ним не им се случи нешто лошо.
Вели Енес: "Тој се врати и со него беше ебу Талха, а со Пророкот беше Сафија која беше качена на камила. Кога тие се оддалечија на пат, камилата се сопна и падна Пророкот со жената". Ебу Талха скокна од камилата и му рече: "О Алахов Пророку, Алах нека ме жртвува за тебе, да не си повреден?"Тој рече: "Не, туку види ја жената ". Ебу Талха фрли дел од својата облека над неа и стана жената, и ги врза добро обете на камилата и се качија". (Бухари)

13. Пророкот и грижата за да ја спаси фамилијата
Беше Пророкот човек кој ја сакаше добрината и се трудеше да им стори на фамилијата само добро, а посебно добрина која ги приближува кон Богот на световите и кон Рајот, и којшто ги оддалечува од Оганот.
Ова е објаснето од Алах кога вели: "Секое живо суштество ќе ја искуси смртта и ќе ги земете наградите во Судниот Ден. Оној кој кој се спасува од Оганот и влегува во Рајот, тој е добитник, и не е животот на овој свет ништо освен лажно средство". (Аал Имран 185)

14. Пророкот и неизненадувањето на жените со поминување на ноќта со друга жена
Беше Проркот кој ќе ја мразеше љубомората којашто ја поминува нормалната норма. Тој нема да ја пропушти интимната посета кога ќе се вратеше од некое патување, и беше негова традиција да им стави на знаење дека е на пат да се врати за да тие имаат доволно време да се разубават за доаѓањето и за да ги најде во најдобар можен изглед.
Вели Џабир бин Абдилах: "Бевме на патување со Алаховиот Пророк, и кога стигнавме на влезот тој рече: "Пополека за да влеземе ноќе, за да се чешла нечешланата коса и да се бричат пораснатите влакна". (Ебу Давуд)

15. Пророкот и давањето предност на жените
Беше во природата на Пророкот да им даде предност на неговите жени пред себеси. Рекол тој: "Кога Алах на некому ќе му подари некое добро, нека почне прво со себеси и со неговата фамилија ". (Таберани, Албани вели дека е Сахих)
Неговиот збор не беше глума, туку тој и во реалност ќе го оствареше. Вели Енес (РадијАлаху анху): "Беше Умм Сулејм (Мајката на Енес) испратена со послужавник во којшто имаше урми за да ги однесе кај Алаховиот Пророк, тој нареди тие да бидат однесени кај некои од неговите жени иако сакаше урми; тој тоа често ќе го стореше". (Албани Сахих)

16. Пророкот и неговата скромност со неговите жени
Вели Енес кога го објаснува нивното доаѓање од Хајбер, заедно со Пророкот беше Сафија (РадијАлаху анха): "Го видов Пророкот како и ја држи абајата (хиџаб-женска покривка) одзади, и после ќе седнеше близу до камилата и ќе ја ставаше својата нога за да Сафија ја стави ногата нејзина на коленото (негово) додека се качуваше на камила". (Бухари)

17. Пророкот ќе им простеше на жените за грешките
Пророкот ќе го ценеше чувството на љубомора кај неговите жени и немаше да се налути кога тие беа љубоморни, и тој тоа ќе го лечеше со мирна метода којашто беше полна со разум и мудрост. Вели Енес бин Малик (РадијАлаху анху) : "Беше Пророкот кај една од неговите жени и една од мајките на верниците испрати еден сад што имаше јадење и удри во раката на Пророкот и се скрши (садот). Пророкот ги зема двете парчиња и ги спои велејќи: " Вашата мајка стана љубоморна" и потоа го натера слугата да чека додека дојде со сад од садовите на онаа во чија што куќа беше и го стави нескршениот сад кајшто беше скршениот, а скршениот го однесе во куќата од кајшто беше донесен". (Бухари)

18. Пророкот и неговото познанство за психичката состојба на неговите жени
Неговата чувствителност го направија него да биде познат за чувствата на неговите жени, и ќе го чувствуваше тоа што тие чувствуваат, и ќе се соочеше со овие чувства со простување.
Вели Аиша дека Пророкот и рекол нејзе: ": Јас знам кога ти си задоволна и знам кога си лута кон мене". Таа рече: "Откај знаеш за ова?". Тој рече: "Кога ти си задоволна со мене ќе се колнеш: " Во Богот на Мухамед " а кога ќе си лута ќе се колнеш: "Во Богот на Ибрахим". Таа рече: "Така е о Алахов Пророку, не бојкотирам ништо друго освен твоето име". (Бухари)

19. Благородниот Пророк и правдата со жените
Правдата на Пророкот со своите жени беше во кулминација. Тој беше праведен со нив и кога ќе беше покрај нив и кога ќе беше на патување.
Вели Аиша (РадијАлаху анха) : "Пророкот немаше да прави поделба меѓу нас кога ќе беше со нас или без нас, во еден ден ќе ги посетеше сите и ќе останеше кај една без да легне со неа во постела, и тоа ќе го стореше се додека да стигне до онаа кај која што и беше редот да ја помине ноќта со неа". (Ебу Давуд)
Тој ќе беше праведен и кога беше болен. Вели Аиша (РадијАлаху анха): "Беше болен од болеста од која што умре, и ќе велеше: "Кај која сум утре, кај која сум утре? Сакајќи го денот на Аиша", и жените му дозволија да биде кај која сака, и беше неговата смрт во домот на Аиша". (Бухари)


Пророкот и општествениот аспект со неговите жени

1. Благородниот Пророк и нежноста со неговата фамилија
Кајшто има нежност ќе има убавина и кога таа нежност ќе недостига тоа ќе се расипе.
Ова се благородни пророчки упатства за неговиот Умет. Беше Пророкот нежен во сите аспекти и ќе го поттикнуваше своето семејство кон тоа. Немаше да им нареди да сторат нешто што беше тешко за нив.
Вели Аиша: "О Аиша биди нежна бидејќи кога Алах му посакува добро на жителите на една куќа, ги поттикнува кон нежноста". (ел Мундири)

2. Пророкот и помошта кон своите жени
Беше од добриот морал на Пророкот да им помага на своите жени во некои од нивните работи. Ја прашаа Аиша дали Пророкот работел во својот дом? Таа рече: "Ќе ги ставаше обувките на место и ќе работеше дома што работат мажите."

3. Пророкот и помошта кон себеси
Сите ние во одредени околности имаме потреби кои треба да се исполнат, но Пророкот многу негови потреби ги реализираше сам, сакајќи со ова да и олесни на својата фамилијата.

4. Пророкот и неговото широко срце за својата фамилија
Великодушнота е начело коешто Пророкот ја садеше во персоналитетот на неговите следбеници, вели тој: "Алах е Благороден и ја сака благородноста, и е Великодушен и ја сака великодушноста".
Беше Пророкот кој даваше за својата фамилија и не штедеше: "Динарот кој си го дал на Алаховиот пат, динарот кој си го дал во ослободување на роб, динарот кој си го дал за добротворни цели за питач, динарот што си го дал за фамилијата, најголема награда имаш за тоа што си го дал својата фамилија". (Муслим)
Тој го одредил ова и за мажот. Го прашале сахабите: "Што е право на жената кај нас? ". Тој рече: "Да ја храниш кога сака да јаде, да ја облекуваш кога сака да се облече, и да не ја удираш по лицето, и да не ја викаш со несакани имиња (кои не личат) и ниту да ја бојкотираш дома".(Ебу Давуд)

5. Пророкот и удобноста со неговата фамилија
Беше Пророкот (Сал-лАлаху алејхи уе сел-лем) којшто бараше удобност за фамилијата и се трудеше за нејзина реализација, особено во патувањата кога има потешкотии, проблеми, умор и кога имаше страв да не им се случи нешто лошо. Вели Енес бин Малик: "Беше Пророкот во патување, и беше еден дечко кој ги водеше камилите, се викаше Анџашех, и Пророкот му рече нему: "Пополека (понежно) со шишињата од стакло (т.е со жените качени) о Анџашех". (Бухари)
И ова го рече затоа што жените на Пророкот беа качени на Хеудеџ (голем самар како покриена купола на грбот на камилата) и тој (Анџашех) им пееше на камилите со висок глас за да чекорат побрзо, и навистина камилите ќе почнеа да одат побрзо, и се исплаши Пророкот да не паднат (неговите жени).

6. Пророкот и толеранцијата кон своите жени
Беше Пророкот кој препреките на своите жени ги примаше со отворени гради и нивната грубост со насмевка, и нивниот бојкот со љубов. Тој ќе им простеше за грешките но не и за шеријатските претстапки. Кога некој ќе претераше над него нему само ќе му се зголемуваше трпението. Вели Омер бин Хаттаб: "И ние бевме толпа курејшити кои владееја над жените и кога дојдовме кај енсарите (во Медина) видовме дека жените владеат над нив, и нашите жени почнаа да учат од однесувањето на жените на енсарите, и мојата жена дигна глас од лутина и ми врати со зборови, но јас одбив да и вратам. Таа ми рече: "И нема да се противиш? Бидејќи се колнам во Алах дека жените на Пророкот му враќаа на нему, и некоја од нив ќе го бојкотираше од ден па се до ноќта". Тој рече: "Ова ме зачуди и и реков нејзе: "Некоја од нив имала тага ако ова го сторила ". И после таа ги собра моите алишта, слезе и влезе кај Хафса и и рече нејзе: "Хафса, дали некоја од вас го нервира Алаховиот Пророк од ден па се до ноќта?  Таа рече: "Да " Тој рече: "тагува и губи онаа којашто го сторила ова. Дали си сигурна дека нема да те колне Алах затоа што си изнервирала Неговиот Пророк? Не барај премногу од него, и не му враќај (зборови), и не го бојкотирај". (Бухари)

7. Пророкот и исполнувањето на желбите на своите жени
Пророкот се обидуваше што поскоро да им ги исполни желбите на своите жени и да им овозможува да бидат среќни. Го прашал Аиша: "О Божји Пророку, сите жени имаат прекари освен мене". Пророкот и рече: "Земи за прекар од синот Абдулах значи ибн Зубејр, ти си Ум Абдилах". И ја викаа неа Ум Абдилах додека умре, иако никогаш не роди дете ". (Албани Сахих)

8. Пророкот и грижата во лекувањето на своите жени кога ќе се разболеа
Човекот има потреба за грижа кога е здрав, а и повеќе кога е болен и слаб. Беше Пророкот кој не го занемаруваше овој аспект, и кога некој од неговата фамилија ќе се разболи тој ќе се обидеше да ги лечи и да им даде волја.
Вели Аиша (РадијАлаху анха): "Кога ќе се разболеше некој од фамилијата на Пророкот, тој ќе дувнеше во него (со читање) на Суре Ихлас, Фелек, Нас, и кога тој се разболе од болеста од која што умре, нему ќе му се читаше (дување) и ќе го избришеше со раце целото тело, бидејќи ова беше поблагословено отколку со моите раце". (Муслим)

9. Пророкот и недостигот за неговите жени
И наспроти неговите многубројни задачи и одговорности кој ги имаше спроти Уметот, тој исто ја направи одговорноста кон фамилијата дел од тие многубројни одговорности.
Вели Умер ибнул Хаттаб: "Кога Пророкот ќе клањаше сабах, тој ќе останеше седнат во местот кајшто клањал, и ќе останаа луѓето седнати додека да изгрее сонцето, после ќе влезеше кај своите жени една по една и ќе ги поселамеше и ќе се молеше за нив, а ако беше денот на некоја од нив тогаш ќе останеше кај неа". (ел Хејтемиј)

10. Пророкот и консултацијата со своите жени
Беше традиција и методологија на Пророкот да се советува и консултира во личните и општите работи. Тој ќе се консултираше со неговите жени и ќе добиеше од нивните предлози и мислења, дури и во работите на Уметот, и на овој начин ќе го избереше тоа што е најдобро.
Се пренесува од Урве ибн Зубејр од Мерван ибнел Хакем бин Махрамех му збореле и тој ги спомна нивните зборови во Договорот од Худејбије, тие двајца рекоа: "Кога заврши пишувањето (на Договорот од Худејбије)"Рече Пророкот: "Луѓе! Станете, колете(курбан) и излезете од ихрам". Се колнам во Алах не стана ниеден, ова го рече трипати и ниеден не стана. Стана Пророкот и влезе кај Уму Селеме и и рече: "Уму Селеме! Јас ги наредувам за нешто а тие не слушаат? Таа рече: "Немој да им замериш, бидејќи тие се преокупирани со една голема работа од тие работи што ти си ги презел над себе во Договорот од Худејбије. Излези ти о Алахов Пророку! Не зборувај со никого од луѓето додека да одиш кај твојот курбан и да го заколеш и да излезеш од ихрам, и кога ќе те видат луѓето, ќе направат како што си направил". Тој излезе откај неа и не прозборе со никого додека стигна кај неговиот курбан, го заколе и ја избричи својата глава. Кога луѓето го видоа Пророкот на Алах правејќи го ова, станаа и колеа оние кои имаа курбан, некои ги бричеа главите некои само скратија, и рече Пророкот: "Алаху, прости им на тие кои ги бричеа главите" му рекоа: "И тие што скратија?" тој рече "Алаху, прости им на тие кои ги бричеа главите" тие рекоа: "И тие што скратија?" И ова го спомна трипати, и по третпат рече: "И тие што скратија".

11. Пророкот и барањето дозвола од неговите жени
Вели Возвишениот Алах: "Ти си навистина со висок морал".
Од високиот морал на Пророкот беше дека тој никогаш не беше неправеден со неговите жени. Кога некогаш беше болен тој ќе побараше од нив да отстапат самоволно од некои нивни права. Вели Аиша (РадијАлаху анха) дека кога Пророкот се разболе ги викна и ги собра неговите жени и им рече: "Јас веќе нема да можам да кружам (со посети од куќа во куќа) дали вие ми давате дозвола да останам кај Аиша? Тие му дозволија и така стори". (Ебу Давуд)

12. Пророкот и среќата со неговите жени
Навистина ширењето среќа и радост помеѓу луѓето е побарано. Се вели дека кога Аиша го видела Пророкот во слабо расположение ќе му велеше: "Моли го Алах за мене", тој и рече: "Алаху мој, прости и на Аиша гревовите што ги направила и гревовите што ќе ги направи, тајните гревови и јавните гревови, и таа се насмеа додека нејзината падна во неговите пазуви. Пророкот и рече: "Дали мојата молитва те радува?" Таа рече: "А зошто да не ме израдува твојата молитва?". Тој рече: "Се колнам во Алах, ова е мојата молитва за мојот Умет во секој намаз". (Ел Хејтемиј)

13. Пророкот и дициплинирањето на своите жени
Беше од Пророковата мудрост да стави се во свое место, и ќе се соочуваше со секоја странка како што и прилега. Тој знаеше како да ги смири своите жени кога беа лути и знаеше како да го врати балансот на мирот во фамилијата. Вели Аиша: "Кога јас ќе бев лута ќе ми го допреше носот со галење и ќе ми речеше: "Ауејш (разгалено име за Аиша) вели: "Алаху, Богу на Мухамед, отстрани го гневот од моето срце и чувај ме од искушенијата на заблудата". (ес Сујути)

14. Пророкот и решењето на проблемите со своите жени на најдобар начин
Методата на Пророкот во лекувањето на проблемите беше во склоп со шеријатските прописи.
Вели Енес бин Малик: "На Сафије и стигна веста дека Хафса рекла за неа "Јехудиска ќерка" и таа заплаче. Кога влезе Пророкот кај неа таа плачеше, и и рече: "Зошто плачеш? " Таа рече: "Хафса рекла дека сум јехудиска ќерка". Пророкот и рече: "Ти си ќерка на пророк, стрико ти е пророк и ти си под еден Пророк, зошто таа да се воздигне над тебе?!" После рече: "Хафса, плаши се од Алах". (Тирмиди, Албани вели дека е Сахих)

15. Пророкот и грешките на неговите жени
Грешките се случуваат со луѓето кои живееме и да се простат и преболат тие грешки е доказ за добро срце и внатрешна чистота.
Тој ја чекаше Аиша, но таа задоцни, и тој и рече: "Што те задоцни?" Таа рече: "Божји Пророку, јас слушав едно читање на еден маж со добар глас кој не сум го слушнал никогаш". Пророкот стана и долго слушна и потоа се врати и рече: "Овој е Салим, робот на Ебу Худејфа, слава му на Алах што во овој Умет дал луѓе како него". (ел Ираки)

16. Пророкот и развеселувањето на неговите жени
Беше Пророкот кој ќе ширеше среќа и радост кај неговите жени и ќе донесеше мир и спокојство во нивните срца.
Вели Аиша (РадијАлаху анха): "Дали си задоволна да бидеш моја жена во овој свет и во другиот?" таа рече: "Да, секако". Тој рече: "Ти си моја жена во овој свет и во другиот". (Албани Сахих)

17. Пророкот и нежноста кон жените
Беше Пророкот со висок морал со фамилијата и со луѓето воопшто, како што Алах го опишал: "Ти си навистина со висок морал".
Вели Аиша (РадијАлаху анха): "Беше Пророкот кога ќе остане насамо со своите жени ќе беше најнежен, најчесен и насмеан". (ес Сујути)

18. Пророкот и простувањето на грешките на своите жени
Беше Пророкот човек што им простува на луѓето за направените грешки, дури и ако беа намерни грешки ќе ги примеше оправдувањата, било тоа да е од неговите сахаби или од неговите непријатели.
Кога Пророкот го ослободи градот Мека од којшто беа протерани, тортурирани и убиени, тој им рече ним (на становниците на Мека): "Што мислите дека ќе сторам со вас?" Тие рекоа: "Ти си благороден брат, син на благородниот". Тој им рече: "Одете, вие сте ослободени". (ел Бејхеки)
Ова беше прилика за одмазда за разрешување на сметките, но неговиот висок морал го запре од тоа. Тој и со фамилијата беше нежен и ќе им простеше, и кога некогаш ќе влезе дома уморен ќе велеше: "Дали има ручек за јадење?" Ќе му велеа нема. Тој ќе речеше: "Тогаш ќе постам". (ен Несаи)
Немаше кај него лутење ниту насилство, туку имаше став кој беше прост и содржуваше и добро менаџирање на оравдувањата.


Заврешеток

Во Исламот, односот помеѓу мажот и жената се љубов, милост и почитување. Љубон кон неа како сопруга, милост кон неа како ќерка и почит кон неа како мајка. Во Исламот нема проблем меѓу мажот и жената, бидејќи секој од нив е создаден за другиот и што се надополнуваат меѓу себе. Секој од нив има особини со кои се разликува од другиот, значи мани кои ги има мажот и ги надополнува жената, и мани кај жената кои ги надополнува мажот. Затоа Исламот одредил за жената некои шеријатски обврски кои кореспондираат со неа како суштество, било тоа во физички или во психички аспект, а и за мажот обврски кои кореспондираат со машката природа.
Оваа рамнотежа е поставена од Исламот, рамнотежа која вродува мир, спокојство и лубов меѓу нив.
Вели Возвишениот Алах: "Алах од вашата сорта создал двојки, и направи (создаде) од вашите жени, синови и внуци и ве благословил со добрини (за јадење). Па зошто тие веруваат во невистини, а во благодетите на Алах прават куфр (неверство)". (ен Нахл 72)
Кога Исламот му дозволува нешто на мажот и и забранува на жената, или и дозволува на жената, и му збранува на мажот, сето ова произлегува од нивната психофизичка природа, и е забрането тие да се назначат за да сторат нешто што тие не го можат.
Ова е нашата романтика со нашата фамилија, која сме ја зеле од Пророкот (Божјиот мир нека е над него). Тој не научил да бидеме морални со сите луѓе а и со нашите фамилии, и секој лош морал е грев.
Ова е Исламска романитка во пракса, и ниту е глума или боја на хартија, како што се прикажува во љубовните бајки, или илузии што се далеку од праксата и стануваат само на хартија и ништо повеќе.
Следењето на неговиот пат е лек за семејните проблеми, проблеми кои се резултат на непознавањето на правата помеѓу сопружниците, права и обврски кои се објаснети во Исламот.
Во Исламот е грев да се газат правата помеѓу сопружниците, и газењето на тие права го прави прекршителот субјект на одредена казна, базирајќи се на Алаховиот Закон.
Ова што се случува денес помеѓу муслиманите во нивните фамилии е резултат на неследењето на упатствата на благородниот Пророк.
Ова е Исламска романтика, што претставува добро оденсување и висок морал со се што не опкружува.


 
www.islamland.com